Диџеј од Србија почина за време на тренинг во Вашингтон

Од:

Српскиот диџеј и продуцент Игор Гарниер, кој со години живеел и работел во САД, починал вчера одненадеж додека вежбал во Вашингтон, јавија медиумите. Тој имаше 31 година.

Веста за неговата смрт ја пренесе вашингтонскиот музичар Старбој Мани, кој објави слика од починатиот на Инстаграм.

„По ѓаволите, зборувавме пред неколку дена и ми кажа да дојдам кај тебе да правиме музика заедно. Сега те нема,“ напиша американскиот музичар.

Талентираниот Гарниер, роден во Белград, неколку години живеел и работел во Америка, а последните години соработуваше и со едно од најголемите имиња во електронската музика – Ерик Придз.

Тој во јавноста исто така беше познат по долгата врска со Миња Самарџиќ, ќерката на познатиот пејач Жељко Самарџиќ. Игор работеше на нејзините песни, а се појавува и како актер-манекен во спот за една нејзината песна.

Би можело да ве интересира

Светските ѕвезди со концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени

Ана Ололовска

Ем-ти-ви награди: Џастин Бибер е изведувач на годината

Ана Ололовска

На идната турнеја, Фил Колинс ќе мора да пее седејќи

Ана Ололовска

Почина Жан Пол Белмондо

А1он

Почина Јон Карамитру, балканската театарска легенда

А1он

Почина Васил Панов, поранешен дипломат, генерален секретар на МАНУ и врвен шахист

А1он