Девојка без познавање од фудбал – нова Мис Мундијал 2014.

Од:

Колумбијката Даниела Осоро (19) ја освои титулата Мис Мундијал 2014 година, на четвртото по ред натпреварување од овој вид.

Убавата студентка по архитектура, која се занимава со манекенство победи во германскиот Руст на натпревар во кој учествуваа претставнички од државите кои ќе ги одмерат силите на овогодишното СП во Бразил.

– Многу сум горда на оваа титула, а уверена сум и дека Колумбија ќе го освои трофејот на Мудијалот, изјави Осоро која својата земја ја претставува и на изборот за Мис на светот.

Второто место и припадна на 19-годишната Американка, Фелиција Кичингс, а третото место на 20-годишната, Ларици  Парага Артега од Еквадор.

На натпреварот учествуваа девојки од 19 до 29 години, а убавината беше единствен услов. Имено, девојките не требаше да знаат ништо за фудбалот. Во жирито се наоѓаа спортскиот репортер Валдемар Хартман, поранешниот бугарски фудбалер Крашимир Балаков, германскиот тренер Торстен Финк и поранешниот судија Валтер Ешвајлер.

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска