Десетте туристички заповеди за Сплит

Од:

Градоначалникот на хрватскиот град Сплит на Фејсбук профилот објави 10 правила за гостите, кои ги очекува оваа летна сезона.

Градот што е под заштита на УНЕСКО, препорачува да се почитуваат правилата и да се забавуваат.

Пред сѐ, градоначалникот Андро Опара ги замоли туристите да научат неколку хрватски зборови, коишто се често употребувани, како на пример: „помало“ (забави), „пижолот“ (пладневна дремка) и „фјака“ – ситуација кога не треба да допираш ништо.

– Во нашиот град никој не брза никаде, па затова не се нервирајте, ако работите не се случуваат веднаш, објави градоначалникот.

– Минувајте ги жешките денови на плажа – чистите плажи во градовите са реткост, се сеќавате ли кога последен пат пливавте в море во центар на градот, гласи следното правило.

Натаму, тој ја препорачува играта со мала топка – пицигин, што е своевиден фолклор во Сплит, и нагласува дека градот, покарај фудбалскиот клуб „Хајдук”, има неколку други свети работи: Дворецот на Диоклецијан, катедралата Свети Домниус и планината Маријан.

– Помогнете ни да ги сочуваме за идните поколенија, повикува Опара.

Некаде при крајот, тој вели дека, „како и сите јужнословенски народи, така и сплиќаните се бучни“, но не сакаат некој да ги вознемируваат во време на почивка.

– Вие сте на одмор, но не пуштајте гласна музика во соба или на улица – луѓето наоколу сакаат да поспијат, за да бидат исто расположени како вас утре, додава тој.

– Тука костимите за капење се носат само на плажа, а на други места – обична облека. Не би сакале да платите казна колку 10 пици или 20 пива, нели? Особено ако имате 30-километарски плажи, на коишто може да си го покажувате телото, гласи последното правило.

Во градот ќе има и плакати што ќе ги потсетуваат туристите на правилата. Едно евро е еднакво 7,4 хрватски куни.

Би можело да ве интересира

Куќата на љубовниците во Помпеја се отвора по 40 години

Ана Ололовска

Во Амстердам еротски комплекс наместо Црвените фенери

Ана Ололовска

Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите

Ана Ололовска

Во центарот на Виена лизгање на 9 илјади метри квадратни мраз

Драган Поповски

Бисерите од Северна Македонија се строго чувана тајна

Ана Ололовска

„Харперс базар“: Десетте најубави градови во светот

Ана Ололовска