Десетина нови изведувачи на Д ФЕСТИВАЛ

Од:

Во рамки на тридневната програма на Д ФЕСТИВАЛ, од сите различни сегменти кои таа ги вклучува, фестивалскиот камп го привлече најголемиот интерес кај посетителите кои од 17. до 19. јули во Дојран доаѓаат да го уживаат автентичниот фестивалски дух.

Покрај тоа што кампот на Д ФЕСТИВАЛ е сместен во прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран и непосредно покрај езерото, во овој фестивалски сегмент е сместенa и втората фестивалска сцена, „Москито Стејџ“ (Mosquito Stage) на која музичката програма ќе се одвива на 18. и 19. јули, од 12:00 до 19:00 часот. Атрактивната програма на оваа бина, ја надополнува понудата на Д ФЕСТИВАЛ со десетина нови имиња грижливо селектирани за вистинско уживање на сите кои ќе се одлучат во Дојран за Д ФЕСТИВАЛ да допатуваат со полна опрема за тридневниот музички маратон, во најнезависниот камп на единствената фестивалска понуда ова лето.

Во сабота (18. јули), Д ФЕСТИВАЛ на оваа бина ќе ги пречека и победниците од последниот „Лузер Фест“, групата „Проџект 2501“ (PROJECT 2501). Станува збор за аудио/визуелен концептуален сајберкор/сајберпанк бенд од Скопје кој постои од 2011 година, a обработува научно-фантсатични и сајберпанк теми.

Визуелниот дел се однесува и на нивните изведби, при што песните се придружувани од страна на визуелизации сработени конкретно за изведуваниот материјал. Инди рок звукот на младите сили од домашната сцена, на „Москито Стејџ“ ќе го претстави групата „Смоук Шејкерс“ (SMOKE SHAKERS) од Кавадарци, а за највеселото саботно пладне ќе се погрижи групата „Сватовски“ (SWATOVSKI). Покрај нив, оваа сцена во сабота ќе ги пречека и веќе најавените „ОРАТНИЦА“ (ORATNITZA), гостите од Бугарија со инвентивен, свеж и неверојатно креативен музички израз, како и македонските претставници „РЕТРО КАБАРЕ“ (RETRO CABARET) кои загарантирано ќе ја разиграат атмосферата на фестивалот.

Во недела (19. јули) од „Лузер Фест“, на втората по големина сцена на Д ФЕСТИВАЛ доаѓа и второпласираниот бенд „ТВ РЕЈЏ“ (TV RAGE). Групата постои од октомври 2012 година, а е оформена од страна на Предраг и Дамјан во подрумот на Центарот за култура во Куманово. По неколку месеци тие го комплетираат сегашниот состав со доаѓањето на Анџело Мацура на тапани. Зад себе имаат едно ЕП издание под капата на „Кран Рекордс“ и „Направи Заедно“ кое излезе на 5. јуни 2013 година.

Единствената класификација на нивната музика велат дека е рокенрол, валкан, искрен и без никакви калкукации и предиспозиции! На „Москито Стејџ“ во недела публиката ќе има прилика да ужива и во настапот на младиот скопски состав „Брука Бенд“ (Brooka Band), како и настапот на Александар Пешевски. Покрај нив, своето гостување на оваа бина веќе го потврди инди-поп групата „Џун“ (JUNE) која на Д ФЕСТИВАЛ ќе го донесе иновативниот и свеж звук на домашната сцена.

Редослед на музичките настапи на Mosquito Stage

18.07. – Сабота SWATOVSKI PROJECT 2501 SMOKE SHAKERS ORATNITZA RETRO CABARET

19.07. – Недела АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ JUNE TV RAGE BROOKA BAND

Во програмата на Д ФЕСТИВАЛ која ќе се одвива во рамки на камп зоната ќе можат да уживаат само оние кои поседуваат соодветна камп пропусница. Со цел да им пружиме на нашите кампери фестивалска комоција и искуство за паметење, имајте предвид дека бројот на камп места е ограничен и треба навреме да ги обезбедите вашето камп место и нараквица. Сите кои што немаат тридневна фестивалска влезница (600 ден. до 1-ви јули) во кампот ќе можат да влезат со камперска нараквица која ќе чини 200 ден.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски