Десетгодишнината од смртта на Ејми Вајнхаус одбележана со документарец

Од:

Легендарната поп-пејачка Ејми Вајнхаус ги отпеа стиховите: „Се обидоа да ме натераат да одам на рехабилитација, но јас реков – не, не, не!“ Точно 10 години по смртта на британската пејачка, семејството и пријателите во соработка со Би-Би-Си, снимија биографски документарец чие прикажување ќе се случи денеска, на годишнината од нејзината смрт.

Таа почина на 27 години, од труење со алкохол, на 23 јули 2011 година.

Според татко ѝ Мичел, документарниот филм „дава поширока слика за Ејми“. Филмот „Позитивната страна на Ејми“ (Reclaiming Amy), во кој раскажувач е нејзината мајка, носи и разговори со долгогодишни пријатели, вклучувајќи ја и Катриона Гурли, која открива дека била во романтична врска со Вајнхаус.

– Мислите дека ја познавате мојата ќерка – со дрогата, зависности, деструктивни врски – но има и многу повеќе!, вели мајка ѝ.

Филмот се обидува да ги оспори обвинувањата дека семејството го искористило нејзиниот успех и не сторило се за да ја извлече од зависноста.

Музичкото списание „НМЕ“ го нарече документарецот „трогателен“, „посвета на една ќерка, пријателка и огромен талент“. Но, „Фајненшл тајмс“ е скептичен и пишува дека родителите на Вајнхаус, особено татко ѝ Мичел, сепак биле „во центарот на нејзината кариера“.

Би можело да ве интересира

Почеток на рок-турнејата на „Ролинг стоунс“

Ана Ололовска

Светските ѕвезди со концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени

Ана Ололовска

Ем-ти-ви награди: Џастин Бибер е изведувач на годината

Ана Ололовска

На идната турнеја, Фил Колинс ќе мора да пее седејќи

Ана Ололовска

Брус Дикинсон го победи и ракот на јазикот и коронавирусот

Ана Ололовска

Кање Вест го објави својот 10-ти студиски албум „Donda“

Ана Ололовска