Денеска се одбележува Ден на бројот Пи (π), бидејќи неговите први три бројки се совпаѓаат со денешниот датум, доколку се напише месец ден, или 3/14.
Бројот Пи е ирационален реален број, кој го претставува односот на периметарот на една кружница со нејзиниот дијаметар во Евклидовата теорија.
Интересен факт за него е што не може да биде запишан како дропка и има бесконечно многу децимали кои никогаш не се повторуваат, па така низата на децималните цифри се смета за една од најрандом низи. Со денешните компјутери, бројот Пи е пресметан до над 5 билиони цифри.
Слушнете како звучи бројот Пи:
Јасна Атанасова