Ден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Од:

Ден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се одржи денеска во кино „Милениум“, каде што ќе бидат доделени дипломи и награди за најдобрите студенти.

ФИНКИ е резултат на здружувањето на Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика  при Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2011 година.

Во учебната 2012/2013 факултетот распиша конкурс со места за 1.020 студенти. Тие имаат можност за студии за компјутерски науки и инженерство, за мрежни технологии,  примена на е-технологии, за компјутерска едукација…

Според најавата на ФИНКИ, на свеченоста ќе се обратат претставници на министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, и на Скопскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска