Деми Ловато и нејзиниот свршеник си купија куќа од седум милиони долари

Од:

Американската пејачка Деми Ловато неодамна се сврши со нејзиниот долгогодишен партнер Макс Ехрих, а сега, тие си купија и куќа вредна седум милиони долари.

Куќата има шест спални соби и девет бањи, а внатрешниот дизајн е направен во модерен стил. Деми ќе има и пространа кујна со сите потребни работи коишто се очекуваат во една луксузна резиденција во долината Сан Фернандо, во Округот Лос Анџелес.

Покрај кујната, има и пространа трпезарија, огромни прозорци и прекрасен поглед надвор. Просторот е надополнет со разни слики на ѕидовите и златни детали кои совршено се вклопуваат со боите на куќата.

За дружење и забава, куќата има соба со билјард, бар и свое домашно кино.

Американската пејачка, текстописец и глумица подолго време ја продаваше својата луксузна вила во Холивуд Хилс и конечно успеа да ја продаде оваа година. Деми изјави дека се надева оти ќе биде многу посреќна во новата куќа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска