Дедо – промотивно лице за женска колекција

Од:

Кинезот Лиу Сјанпинг е се, само не обичен дедо. Наместо времето да го поминува со другарите со партијата шах или некоја друга социјална игра, тој вешто позира пред фото-објективите во женска облека и тоа го прави како да цел живот бил манекен, односно манекенка.

А се почнало како шега. „Дедо ми ми помагаше да ја распакувам гардеробата и само почна да облекува оддечни парчиња. Беше забавно па го сликав и сите ги ставив на интернет“, објасни внуката.

Меѓутоа, после само неколку дена дедо и станал вистинска сензација на социјалните мрежи, а внуката веднаш реагирала и дедо и го искористила за целата колекција, па така сега е заштитно лице на нејзиниот сајт, на кој, благодарејќи на дедо и, гардеробата со нејзиниот потпис „оди како алва“.

– Зошто некој како мене неможе да носи женска гардероба? Со позирањето за страницата и помагам на внуката и во тоа не гледам ништо лошо. Стар сум и единствено што ми е важно е да бидам среќен, а токму таков ме прави мојата внука, рече Лиу.

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска