Де Ниро жали за еден заеднички филм со Пачино

Од:

Роберт де Ниро и Ал Пачино досега глумеле заедно во четири филма, меѓу кои и последниот проект на Нетфликс – „Ирецот“ (The Irishman).

Другите три се „Кум 2“ (The Godfather: Part II) од 1974 година, „Жештина“ (Heat) од 1995. и „Праведно убиство“ (Righteous Kill), филм што излезе 2008 година. Токму за последниов наведен филм, во нивното неодамнешно заедничко интервју за „Варајети“, Де Ниро истакна дека жали што воопшто бил снимен.

– Тогаш и нему му реков: Следниот пат ќе направиме филм по наш вкус, рече Де Ниро во интервјуто.

Филмот „Праведно убиство“ не мина добро ни кај критичарите, ниту кај публиката.

„Ирецот“ својата премиера ја имаше минатата седмица и засега оценката на ИМДБ гласи 8,5/10.

Би можело да ве интересира

Двојката која никој не ја сакаше во „Пријатели“: Зошто Џои и Рејчел требаше да бидат во врска?

Ана Ололовска

На овие природни облини не одолеа ниту најголемиот холивудски заводник

Ана Ололовска

Клои Кардашијан не може да се насмее од ботокс

Ана Ололовска

Колин Фирт се разведува после 22 години брак

Ана Ололовска

Сер Род Стјуарт е најстариот пејач на врвот на топ листата во Велика Британија

Ана Ололовска

Џон Траволта и Оливија Њутн Џон во костимите од „Брилијантин“ по 41 година

Ана Ололовска