Даниел Деј- Луис влезе во историјата на Оскарите

Од:

На 85. доделување на наградите Оскар, Даниел Деј- Луис влезе во историјата како првиот глумец кој освоил три Оскари за главна улога. Родениот британец кој живее во Ирска овој пат ја зема наградата за улогата на Абрахам Линколн во филмот на Стивен  Спилберг „Линколн“

По овој повод 55 годишниот Деј- Луис рече: „Навистина не знам како се случи сето ова. Знам дека досега добив многу повеќе среќа отколку што ми следува во животот“. Глумецот досега има освоено оскар за главна улога во филмовите „Моето лево стапало“ (1990) и „Ќе има крв“ (2007).

Глумецот кој е познат по тоа дека се поистоветува со карактерите кои ги глуми, за време на целото снимање (и на сетовите и надвор од нив), во текот на една година спремајќи ја улогата на Линколн прочитал преку сто книги за претседателот.

„Можеби станува збор за самоизмама, но кај мене функционира“, го коментираше Деј- Луис својот метод.

Меѓутоа тој не ги открива сите детали од процесот кои го приближуваат до ликот кој го глуми. Во случајот со Линколн, Спилберг кажа дека: „Еден ден од Даниел ми стигна коверт со касета. Ја уклучив и слушнав како ми се обраќа гласот на Абрахам Линколн. Тоа е резултатот од даниеловиот процес. Никогаш не сум го прашал како го постигнал тој глас. Едноставно го прифатив како гласот на 16 претседател на САД“.

Не е лесно да се пронајде гласот на човекот кого сите го знаат, а никој не го познава. Линколн бил првиот американски претседател, кој е многу фотографиран, но малкумина можат да го замислат неговиот глас.

„Мислев дека е невозможно да се врати во живот Абрахам Линколн“ за интервју во „Тајм“ изјавил Деј- Луис. „Бев срамежлив во негова близина“. Исто така, од голема помош било и тоа што глумецот и претседателот имаат иста висина, тенка става и питома но моќна харизма.

 

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка