Дали научниците ќе можат да ја елиминираат менопаузата?

Од:

Менопаузата би можела да биде елиминирана веќе за 20 години, а процесот на стареење може да биде забавен или дури обратен, предвидуваат научниците.

Експертот за матични клетки Одри де Греј, вели дека забрзаниот развој на регенеративни терапии може да ги избрише постоечките ограничувања за жените кои сакаат во подоцнежните години од животот да се остварат како мајки.

Тој додава дека нема причини терапиите против стареење да не се применат и врз јајниците, кои „се само уште еден орган“ на човековото тело.

Проценувајќи го времето да се развијат вакви терапии, др. Де Греј рече дека најверојатно станува збор за период од околу 20 години.

– Можеме да ги подмладиме јајниците стимулирајќи или менувајќи ги матичните клетки или да создадеме сосема нов јајник, вели тој.

Др. Де Греј е теоретичар на полето на геронтологијата, еден од основачите на Сенс Рисрч фондацијата, која обезбедува средства за истражување за третмани кои би можеле да го запрат процесот на стареење.

Експертите се согласуваат дека досега е направен значаен напредок во надминувањето на некои облици на женската неплодност, кои некогаш биле неизлечливи.

Евелин Телфер, репродуктивен биолог од Универзитетот во Единбург, вели дека веќе се надѕираат решенија за проблемот на прерана менопауза.

Истражувачите предводени со професорката Телфер пронајдоа некои докази дека примордијални фоликули – незрели јајце клетки – земени од девојче кое се лекува од канцер, можеби можат успешно да созреат и надвор од нивното тело, што ги зголемува шансите еден ден да станат мајки.

Се повеќе докази постојат дека јајниците имаат неискористени резервоари на незрели фоликули и по менопаузата, кои во иднина можеби би можеле да се користат во продолжувањето на плодната возраст кај жените.

Меѓутоа, ваквите истражувања, будат бројни контроверзи.

– Се зависи од тоа што сакате да добиете од елиминирање на менопаузата. Би било наивно да се мисли дека е доволно да се соберат такви клетки, да се стават во јајникот и да се очекѕва да растат. Долг е патот пред нас и нема да кажам ништо што би можело да разбуди лажна надеж, вели Телфер.

Др. Де Греј, говорејќи на самитот во Лондон оваа недела, призна дека многумина се сомневаат во неговите идеи, но оти е уверен дека науката еден ден ќе го запре стареењето.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска