Дали е безбедно да се патува во Брисел?

Од:

Туристите кои одлучиле оваа недела да го посетат Брисел би требало да ги одбегнуваат јавните места и да ги следат упатставата и советите на белгиските национални сили за безбедност, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

По неколкуте полициски рации во текот на изминатиот викенд во обид да се пронајдат учесниците на терористичкиот напад во Париз, во Брисел и натаму е присутен најголем степен на опасност за нов бран на терористички напади, пишува британскиот весник „Телграф“.

– Нападите можат да се случуваат неселективно, вклучувајќи го јавниот превоз и места кои често ги посетуваат странците, а опасноста од напад е реална и сериозна, соопшти Министерството.

Метрото, училиштата и факултетите во главниот град на Белгија моментално се затворени, а некои работодавци ги советуваат нивните вработени да не доаѓаат на работа. Сите фудбалски натпревари и концерти во текот на викендот беа откажани, а многу е веројатно и дека сите туристички атракции наскоро да бидат затворени или преполни со припадници на безбедносните сили.

Сите државни музеи би требало да бидат отворени денес, додека Музејот Орте и Атомиумот се затворени.

На туристите им се препорачува да избегнуват јавни места на кои има голем број луѓе, како концерти и слични големи случувања, аеродорми, главни автобуски станици, јавен превоз и шопинг центри. И покрај тоа што не се воведени никакви измени во сообраќајот, деновиве може да се забележи помал и поголем застој во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска