Дали човековата издржливост има граници?

Од:

Триатлон „Ајронмен“ е создаден во 1978 година како резултат на расправијата помеѓу тројца пријатели, војникот Џон Данбар, командантот на американската морнарица Џон Колинс и тренерот Гордон Халер. Своите сомнежи за тоа кој од нив тројца е најиздржлив – пливач кој победил на трката на 3800 метри во тоа време, велосипедист кој победил на 180 км или маратонски тркач кој истрчал 42.195 км, одлучиле да ги решат со организирање на триатлон во кој сите три дисциплини. со наведените километражи, ќе бидат застапени.

Гордон Халер, првиот победник на триатлонот „Ајронмен“

Сепак, во тоа време, никој од нив не знаел дека, без оглед на нивната активност, нивниот метаболизам има иста граница, што значи дека согорува максимум два и пол пати повеќе калории во споредба на својот базален метаболизам.

До ова откритие неодамна дојдоа истражувачите од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, кои со испитување на реакциите на организмот на физички активности што траат со денови, недели, па дури и месеци, откриле дека луѓето можат да согорат калории најмногу два и пол пати побрзо во однос на својот базален метаболизам. Интересно е што дури и најбрзите ултра маратонци не успеале да ја преминат оваа граница. Тоа, со други зборови, значи дека откако ќе се премине оваа граница, телото ќе започне да го разградува сопственото ткиво за да се надомести за недостигот на калории.

Елиуд Кипчоге, најбрзиот маратонец на светот

– Границите на можното се сепак дефинирани, вели коавторот на истражувањето, вонредниот професор за еволутивна антропологија, д-р Херман Понцер од универзитетот Дјук.

Дигестивниот тракт едноставно не е во состојба да разложи поголема количина храна. Тоа значи дека дури и ако јадете повеќе за време на изложеност на подолг физички напор, максималната количина на калории кои цревата може да ги апсорбираат останува иста – до два и пол пати повеќе во однос на вашиот базален метаболизам, објаснува Понцер.

За истражувачки цели, тимот ја мерел дневната потрошувачка калории на група спортисти, учесници на „Трката низ Америка“, чија патека се протегаше од Калифорнија до Вашингтон. За да го постигнат тоа, атлетичарите во текот на пет месеци требаше да трчаат по шест маратони неделно.

Анализирајќи ги резултатите, истражувачите открија дека потрошувачката на енергија кај сите прво се зголемила, а потоа, како одминувало времето, почнала да опаѓа, за конечно да се изедначи на 2,5 поголема потрошувачка во однос на базалниот метаболизам.

Врз основа на анализата на урина на тркач, се утврди дека по 20 недели трчање, учесниците дневно трошеле дури 600 калории помалку од очекуваното, со оглед на километражата која ја минувале. „Тоа е одличен пример за ограничувањата на организмот кога телото не е во можност да одржува високо ниво на енергија подолг временски период“, рече еден од коавторите на студијата.

– Може да трчате спринт на 100 метри или да џогирате километри, додава Понцер.

Интересно е што на сите трки на издржливост, од Ајронмен, преку трката на Антарктикот, минусни температури, до Тур де Франс и возење велосипед среде лето, кривата на согорувањето на калориите беше иста – во форма на латинично Л (L) . Поради тоа, овие наоди ја доведоа во прашање претходната хипотеза дека човечката издржливост е поврзана со способноста за регулирање на телесната температура.

Според истражувачите, еден од ограничувачките фактори за време на ваквите тестови на издржливост лежи во дигестивниот процес, односно способноста на организмот да преработува храна и да ги апсорбира калориите и хранливите материи потребни за телесните процеси.

Друга интересна информација укажува дека максималното одржливо ниво на потрошувачка на енергија кај екстремните спортисти било малку повисоко од метаболизмот на бремените жени. Ова значи дека физиолошките граници се всушност исти за сите.

– За некои, тоа може да биде предизвик. Меѓутоа, науката и функционира кога ќе се утврди дека не сте во право. Можеби некој еден ден ќе го пробие ова ограничување и ќе ги посочат недостатоците на истражувањето, заклучува Понцер.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ