Д.С.Ш. на Нишвил

Од:

На 14 август македонската рап-група Д.С.Ш. ќе настапи на фестивалот “Нишвил”, кој е еден од најголемите фестивали во Европа.

Д.С.Ш. или Децата од старата школа е единствената рап-група од Македонија која ќе настапува во Ниш. Настапот на двајцата рап-артисти ТриМ и Узи, членови на Д.С.Ш. е планиран за во 21 часот, а на сцената ќе им се придружат OS Portero – соло рап артист од Македонија и DJ Ice од Србија.

За настапот подготвуваат вистинска олдскул – бум бап атмосфера за која голема заслуга имаат инструменталите на Кодар (Дарко Тодоровски) и се спремаат да испрезентираат не објавени творби кои ќе бидат дел од албумот кој е во подготовка.

Д.С.Ш. е група која се издвојува со својот уникатен старошколски стил на презентирање на рап културата во комбинација со елементи од џез, фанк и блуз примеси во музиката која ја творат.

До сега имаат учествувано на неколку настани во Скопје меѓу кои и на „Хумантроп” одржан во градскиот парк на Скопје, на „Гевгелиско културно лето” во Гевгелија и во Лесковац – Србија на „Лесковачко лето”.

Екипата на Д.С.Ш. работи неуморно и моментално се во подготовка за изработка на албум и други бројни проекти. Имаат учество во повеќе проекти и остварено повеќе соработки од кои може да се истакне соработката со “OPEN BLKN” – организација која се залага за конекција и ширење на хип хоп културата на балканот.