„Д Ху“ со нов албум по 13 години

Од:

Британскиот рок-бенд „Д Ху“ го најави издавањето на новиот албум за оваа година. Во истовреме тие ја потврдија и турнејата низ Северна Америка.

Проектот којшто засега нема наслов, е наследник на нивниот 11. студиски албум „Endless Wire”, објавен во 2006 година. Гитаристот Пит Тауншенд само најави дека обожавателите ќе може да очекуваат „мрачни балади, тешки рок-материјали, експериментална електроника, впечатливи музички делови и типични ’Д Ху’ песни кои почнуваат со гитара која дава ’јанга-денг’ звук”.

Групата исто така открила подробности и за американската оркестрална турнеја. Пејачот Роџер Далтри изјави дека оркестарот нема да го компромитира начинот на кој тој и Пит ја испорачуваат музиката. Натаму тој најави дека ова може да биде негова посљедна турнеја.

– Морам да бидам свесен колку години имам (74), а гласот почнува и да ме напушта. Сакам да бидам добар како што бев пред две години, изјави Далтри во едно скорешно интервју.

Би можело да ве интересира

Тејлор Свифт ја освои главната награда на MTВ Видео музички награди

Ана Ололовска

Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Почнува фестивалот на електронска музика „Грин бич“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на Лозано – „Не те вадам од памет“

Ана Ололовска

Откажан вториот „Вудсток” фестивал

Ана Ололовска

Која од „Дисциплина кичме“ хоспитализиран поради мозочен удар

Ана Ололовска