Црното чоколадо е поздраво од млечното

Од:

Црното чоколадо, поради здравите состојки, секогаш се препорачува за конзумирање пред млечното, дури и на дневна основа, но сепак експертите предупредуваат да се посвети внимание на количината, бидејќи прекумерното користење може да биде штетно.

Црното чоколадо е богато со какао, кое има висок процент на флавоноид, антиоксиданси кои спречуваат оксидација на холестеролот и така ги штитат крвните садови, го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат когнитивната способност и најверојатно го намалуваат ризикот од дијабетес.

Млечното чоколадо содржи мала количина флавоноид, а белото воопшто нема. Црното чоколадо има горчлив вкус и колку повеќе содржи флавоноид толку е погорчливо. Производителите со обработката, за да биде повкусно, ги уништуваат здравите состојки.

– Со пржење се создаваат нови ароми, но така се уништуваат и молекулите, а тогаш постои можност да се уништи и нешто што не сакаме, како што се флавоноидите, вели Мет Хартингс, професор по хемија на Универзитетот во Вашингтон.

Иако нивото на флавоноид варира од едно до друго црно чоколадо, тоа секогаш е поздраво од млечното. Богато е со минерали како што се калциум, бакар, железо, магнезиум, манган и калиум, додека стеаринската киселина нема никакво влијание на здравјето.

Доколку го користите секојдневно, важно е тоа да биде во мала количина и со најмалку 60 проценти какао.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска