Црномурестите глумци бараат намалување на инвестициите во полицијата

Од:

Повеќе од 300 црномурести глумци и продуценти, меѓу коишто и Идрис Елба, Квин Латифа и Били Портер, вчера побараа од Холивуд – наместо во полициски содржини и во полицијата, да вложи во антирасизмот.

Во отворено писмо, потписниците повикаа да се стави крај на величењето на полициското насилство. Тоа е објавено од групата „Холивуд за животите на црнците“, за време на судирите во САД поради масовните протести против полициската бруталност и системскиот расизам.

Од Холивуд е побарано да се престане со ангажманот на полицајци на сцената и поголем притисок врз градските власти во Лос Анџелес за да ги намалат инвестициите во полицијата. Тие исто така бараат во филмските студија да вработат повеќе црнци на извршните места.

Претходно овој месец, долгогодишните полициски ТВ-емисии „Полицијата во живо“ и „Полицајци“ беа откажани.

Истражување на Универзитетот на Калифорнија објавено во февруари открива дека глумците црнци имале 27,6 отсто од главните улоги во најпознатите филмови во 2019 година. Тоа е трипати повеќе отколку во 2011 година. Како што посочуваат официјалните податоци, раководителите на филмски студија биле 91 отсто белци, односно 82 насто мажи.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска