Црквата во Мавровското Езеро прва на листата најубави напуштени цркви

Од:

Напуштената црква во Мавровското Езеро е прва на листата најубави напуштени цркви во светот, направена од реномираниот интернет медиум од САД „Huffington Post“.

Во прилогот насловен „Напуштените цркви се неверојатно убави“ има и фотографии од напуштени цркви во САД, Белгија, Камбоџа, Франција и Ирска.

– Вообичаено црквите се место каде верниците го наоѓаат својот душевен мир и служат за тивко размислување. Овие свети места се напуштени, а нивната внатрешност е тивка и празна. Сепак тие имаат зачудувачка убавина која може да се види на фотографиите, стои во коментарот на „Huffington Post“ за фотографиите со напуштени цркви.

На сајтот можат да се видат и фотографии од 50 најнеобични цркви во светот.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

На Маврово вее снег

Горан Наумовски