Црквата Саграда Фамилија доби градежна дозвола после 137 години

Од:

Базиликата Саграда Фамилија, заштитниот знак на Барселона која е проектирана од каталонскиот архитект Антони Гауди, доби градежна дозвола после 137 години.

Спектакулраната, но недовршена црква, која во 2005 година беше ставена на листата на УНЕСКО како светско наследство, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе.

Изградбата почнала во 1882 година, а во 1926 година, кога починал Гауди, не била завршена ни четвртина.

Шпанските власти во 2016 година сфатиле дека за оваа базилика никогаш не добила планска дозвола. Градежната дозвола за изградбата на базиликата Саграда Фамилија важи до 2026 година, кога се навршуваат сто години од смртта на Гауди.

Се проценува дека изградбата на црквата ќе чини околу 374 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Научници и иноватори предлагаат радикални начини за „повторно замрзнување“ на Арктикот

Ана Ололовска

Виена е најпријатниот град за живеење во светот

Ана Ололовска

Уметнички проект „Арт парк“ во Загреб

Ана Ололовска

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска