ЦИА отвори профил на Инстаграм, веќе има 28.800 следбеници

Од:

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Профилот е отворен и верификуван во четвртокот, а првата објавена фотографија прикажува работна маса на еден од вработените на која се гледа перика, часовник, печат, хартии и книги.

За само 24 часа ЦИА има 28.800 следбеници, но Агенцијата се уште не следи никого на оваа социјална мрежа.

Освен на Инстаграм, ЦИА има и налог на Твитер и профил на Фејсбук.

Портпаролката на ЦИА, Челзи Робинсон изјави дека приклучувањето на Инстаграм е уште еден начин на кој се споделуваат приказни и се регрутираат млади талентирани Американци да работат за Агенцијата.

– Овој профил ќе овозможи увид во Агенцијата, но не можеме да ветиме селфи од тајни локации. Среќни сме што ќе ја разбудиме љубопитноста кај корисниците на Инстаграм и глобалната мисија на ЦИА, истакна Робинсон.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски