Чуварка имала секс со затвореник, па и самата завршила зад решетки

Од:

Чуварка во британскиот затвор Фаркланд, се вљубила и стапила во врска со затвореник, па и самата заврши зад решетки.

Имено, Стефани Смитвајт, вработена во еден од најстрогите затвори во Велика Британија, имала сексуални односи со Куртис Ворен, кој е осуден на 23 години во тој затвор за трговија со дрога. Британските медиуми објавија и дека Смитвајт направила дупка во пантолоните на униформата, за да може при интимниот однос со Куртис во ноќните смени, побрзо да се тргне од него, во случај – некој да наиде.

Таа го негираше тоа на суд, но судијата одговори дека му е тешко да замисли за што друго би ѝ послужило дупчето во пантолоните. При претресот потоа, во нејзиниот дом се пронајдени околу 450 еротски писма, а во автомобилот бил пронајден мобилен телефон со повици кон само еден број. Со него, Смитвајт му се јавила 213 пати на Ворен.

Потоа таа ја признала врската, тврдејќи дека „се вљубила во погрешен човек во погрешна ситуација“. Нивната афера, според наводите, траела шест месеци.

Истрагата утврдила и дека жената скришно му носела дрога и оддавала доверливи податоци околу безбедноста на затворот. На иследниците им рекла дека била очајна и се надевала оти нејзината врска ќе продолжи и надвор од затворот.

Смитвајт е осуден на две години затвор.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ