Човекот „запнал“ да се жени

Од:

Да не беше смешна, ќе беше романтична пораката која еден човек ја напишал на своето комбе, барајќи од неговата девојка да му прости. Штом го избрал овој начин, очигледно е дека нешто ептен згрешил, но како и да е тој е свесен за тоа и се кае, а сака и втора шанса. А имајќи предвид дека пораката е трајна, може да му послужи и за повеќе пати, барем додека не го префарба комбето.

„Линда извини. Знам дека понекогаш сум будала и идиот. Те сакам со целото мое срце! Те молам врати се дома за да ги поправиме работите меѓу нас. Ни недостигаш. Мене ми недостигаш.

Јас сакам да остарам со тебе. Ќе се омажиш ли за мене?“, напишал на своето комбе и така вози и ги привлекува погледите на минувачите кои со своите фотоапарати ја фотографирале пораката.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он