Четврти скејтбординг натпревар „OneMoreTry“ во Скопје

Од:

Скопје ќе биде домаќин на четвртиот скејтбординг натпревар „OneMoreTry“ кој ќе се одржи на неколку локации низ градот. На првиот ден, прва локација ќе биде пред Националната опера и балет, каде ќе се одржат повеќе мали натпревари. Потоа ќе продолжи на новоотворениот полигон кај Олимписки базен.

Натпреварот ќе продолжи утре, исто така на две локации. Првата ќе биде кај споменикот на Гоце Делчев и на уште неколку локации во Градскиот парк со повеќе мали натпревари. Натпреварот ќе кулминира со уште еден „cash for tricks“ натпревар на кој скејтерите ќе прескокнуваат голема пречка и ќе се обидат со најтешките трикови.

Висината на паричната награда ќе зависи од сложеноста, стилот и правењето на трикот. Како што наведуваат организаторите, колку трикот е потежок, толку е поголема сумата.

Настанот се одржува под покровителство на Град Скопје, се организира еднаш годишно и е единствен од ваков вид во регионот. Отворен е за скејтери од сите возрасти кои ќе се натпреваруваат за парични награди во вредност од 1.000 евра.

Натпреварите ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19. Протоколите ќе мора да ги следи секој натпреварувач, но и посетител на настанот.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески