Четири финалисти за „Денес 2020“ – награда за млад визуелен уметник

Од:

Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Симона Манчева и Елена Чемерска се финалисти за наградата „Денес 2020“ за млад визуелен уметник до 35 години.

Тричленото жири (Верица Ковачевска, Биљана Тануровска-Ќулавковски и Алберт Хета) одлучи да ги номинира четирите уметници затоа што нивната тековна уметничка практика повеќе од другите апликанти и исполнила сите критериуми за наградата „Денес“.

Четирите финалистки понатаму ќе се натпреваруваат за наградата која ќе се додели во април 2020 година. Наградата се состои од двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во 2020 година.

На 15-тиот отворен повик за наградата „Денес“, кој траеше од 15 октомври до 5 декември 2019, се пријавиле повеќе кандидати, соопштија организаторите – Факултет за работи што не се учат (ФР~У) Битола/ Скопје и Центарот за современи уметности-Скопје.

Наградата „Денес“ се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и делување.

Би можело да ве интересира

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Детска ликовна работилница на отворено во Куманово

Ана Ололовска

Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Ана Ололовска

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он