Чех продавал нацистички украси за елка на интернет

Од:

Чешката полиција поведе истрага против жител на југот на земјата, кој на интернет продавал нацистички божиќни украси – стаклени кампиони со ликот на Хитлер, знакот СС или со кукасти крстови. Комплетот чинел 600 евра.

„Украсите се од стакло. Се работи за неоштетени 12 предмети. Ги продавам за колекционерски цели. Ништо не пропагирам”, напишал Чехот во огласот.

Кога за рекламата се заинтересирала и полицијата, момчето објаснило дека тоа, наводно, го наследил од неговиот дедо, не знае каде и како тој ги набавил топките и оти ги продава зашто итно му требаат пари.

Од тој регион во јужна Чешка, често се појавуваат огласи за предмети со нацистички мотиви, како и во делови на Литванија, а до неодамна и во Германија.

Пред извесно време, германскиот амбасадор во Прага, Криштоф Исранг изрази незадоволство и шокираност откако во сувенирница во Прага наишол на гумена маска со ликот на Хитлер.

– Чесите толку многу страдаа во нацистичкиот режим… Зошто сега продаваат такво ѓубре?, напиша амбасадорот на Твитер.

Би можело да ве интересира

Автобусот од „Во дивината“ најверојатно ќе стане музеј

Ана Ололовска

Политичарот Ричард Брутон е новиот „секс симбол“ на Ирска

Ана Ололовска

Кинеска преживеала три дена без своето срце

Ана Ололовска

Среќата е достижна со внатрешна самоконтрола

Ана Ололовска

Анкета: Работата од дома го намалува стресот и ја зголемува продуктивноста

Ана Ололовска

Британците, поради работа од дома, трошат повеќе на пијалаци и закуска

Ана Ололовска