Царскиот рез носи одреден ризик од појава на аутизам и АДХД

Од:

Кај бебињата родени со царски рез има 33 отсто поголема веројатност да се развие аутизам и 17 отсто поголем ризик од појава на т.н. нарушување на недостиг од внимание и хиперактивност (АДХД), покажува ново истражување на Каролинска институтот во Стокхолм.

Анализата на тимот научници предводена од Тјанјанг Женг, опфатила 29 претходни испитувања, односно вкупно 20 милиони породувања. Дури 17 од овие научни трудови укажуваат на поголем ризик од овие болести, што се смета за доволно битно во статистичка смисла.

Од друга страна пак, некои лекари, иако се сложуваат со новите научни сознанија, сметаат дека идните родители не треба да паничат, бидејќи ризикот е мал.

– Потребни се повеќе истражувања за да се открие причината за оваа врска и како таа е поврзана со породувањето со царски рез. Жените кои се пораѓаат на овој начин не треба да се грижат, оти тоа е безбедна постапка. Во многу случаи, тоа спасува живот, изјави д-р Пет О’Брајан, британски гинеколог.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Бебе од Србија почина во Виена, приведени родителите

А1он

Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Гинеколог од Сремска Митровица во притвор, осомничен за акушерско насилство

А1он

Пронајдено е бебе во корпа за отпадоци во близина на Торино