Бугарите годинава ќе пуштат срце, планираат да потрошат скоро цела една плата на летниот одмор

Од:

Плановите за летување оваа година се најважни за Бугарите, Романците и Летонците, кои се наоѓаат на првите три места според рангирањето на трошоците кои планираат да ги направат во следните два до три месеци, покажуваат резултатите на последното истражување на Меѓународниот летен барометар на групацијата Фератум, во кое учествуваат речиси 10.000 домаќинства од 12 земји, на возраст меѓу 18 и 61 година.

Испитаниците од Бугарија планираат да потрошат 74 проценти од месечните примања за плановите и активностите ова лето, а потоа следуваат Романците и Летонците, со 58 односно 53 проценти, објави БТА.

Скандинавците се чини дека се значително помалку возбудени за своите летни одмори во 2021 година, со што Финска (34 проценти), Шведска (33 проценти) и Данска (32 отсто) имаат далеку помал интерес за оваа категорија трошоци.

Анкетата е спроведена од групацијата Фератум, меѓу нивните активни клиенти во 12 државии, преку веб-анкета со стандардизиран прашалник. Просечниот расположлив нето приход на домаќинствата учеснички изнесува меѓу 1.119 и 4.076 евра, а просечната големина на домаќинството меѓу испитаниците е 2,8 лица.

Истражувањето се спроведува седма година по ред и негова главна цел е да ги испита ставовите на потрошувачите и како различни луѓе управуваат со своите финансии, особено во вонредни околности.

Поголемиот дел од испитаниците не успеале да заштедат пари за време на пандемијата (62 проценти), додека оние кои имаат заштеди, своите пари би ги задржале во банкарски депозити (11 отсто), во криптовалути (пет проценти), како и во инвестиции на берза (пет отсто). Во Бугарија, сепак, постои поинаков тренд. Иако 58 проценти не успеале да заштедат пари, сепак 20 отсто од анкетираните Бугари планираат да инвестираат во недвижен имот, десет отсто во сопствен бизнис, а само седум отсто од Бугарите планираат да ги задржат своите заштеди во банките.

Плаќањата со картички се најпопуларниот избор во Данска (92 проценти), Норвешка (84 проценти) и Австралија (75 проценти), додека во Бугарија (64 проценти) и Хрватска (56 проценти) потрошувачите повеќе избираат плаќање со готовина.

Во споредба со минатогодишното летно истражување на Фератум, меѓу испитаниците во Бугарија е забележан пад и на процентот на луѓе кои претпочитаат купување преку интернет и на оние кои им даваат предност на плаќањата со картички.

Би можело да ве интересира

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Илхан Ќучук: Нема да има подобра понуда за Македонија, нема желба во ЕУ да се промени нешто

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов

Власта се уште нема 80 пратеници: Дискусија, па гласање кога ќе се создадат услови

Орце Костов