Бројот на корисници на онлајн музика во Кина достигна 576 милиони

Од:

До крајот на 2018 година во Кина имало 576 милиони корисници на онлајн музика или 70 отсто од сите корисници на Интернет во земјата, покажува неодамнешниот извештај за развојот на тој сектор.

Речиси 553 милиони слушаат онлајн музика на своите мобилни телефони, што е раст од осум отсто во однос на претходната година, покажа истражувањето на Кинескиот информатички центар за интернет.

Кинескиот пазар за онлајн музика бележи огромен напредок во популаризирањето на легалната музичка содржина, поради што и постои тесна соработка за авторските права со локалните платформи како што се NetEase Cloud Music и Tencent Music.

Цитирајќи ги податоците од Меѓународната федерација на аудио индустрија, во извештајот се вели дека 96 отсто од кинеските корисници на музика слушаат лиценцираната содржина, што е далеку над светскиот просек, кој изнесува 62 отсто..

На водечките музички платформи во Кина се зголемува популарноста на и кусите видео-спотови, при што до декември 2018 година вкупно 648 милиони Кинези гледале такви клипови.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук„ и „Инстаграм“ најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Ана Ололовска

Само 13% од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

Ана Ололовска

Тесла камион снимен без возач на автопат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вокменот слави 40-ти роденден

Ана Ололовска

Основачот на Википедија повикува на бојкот на социјалните мрежи

Ана Ололовска

Децата дневно на интернет од два до девет часа

Ана Ололовска