“Брои до 3” e најновиот сингл на скопскиот рок состав Fiction

Од:

Песната е создадена и снимена во периодот Април – Мај 2023, и продолжува да го негува алтернативниот рок звук на бендот, овој пат збогатен со фанк и фјужн влијанија.

Музиката и текстот за “Брои до 3” се на гитаристот на бендот, Виктор Захариев, додека за микс и мастерот беше задолжен Раде Биковски.
Освен тапаните, кои се снимани во студиото “Подрумот” на Ангел Ќосев, песната е во целосна продукција на бендот.

Видео спотот за “Брои до 3”, исто така е во целосно самостојна продукција на бендот.
Fiction го сочинуваат:

Петар Ѓуревски – вокал
Виктор Захариев – гитара, вокал
Филип Андонов – бас гитара
Теодор Теодосиевски – тапани