Бритни Спирс ја губи судската битка со нејзиниот татко

Од:

Судот во САД го отфрли барањето на Бритни Спирс – нејзиниот татко да биде отстранет како повереник на нејзиниот имот.

Џејми Спирс беше законски управител на имотот на неговата ќерка цели 12 години поради нејзините проблеми со психичкото здравје. Адвокатот на Бритни изјави дека поп-ѕвездата се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства.

Адвокатот на нејзиниот татко тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка.

Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за промената на статусот на Џејми Спирс во иднина.

Во меѓувреме, на барање на Бритни, за поверител е назначена финансиската компанија „Бесемер траст“. За време на вчерашното рочиште, нејзиниот адвокат Семјуел Ингам изјави дека таа и нејзиниот татко „немале одржлива врска“ и оти долго време не разговарале. Вивијан Торин, адвокат на Џејми Спирс, тврди дека причината за тоа што таткото и ќерката не разговарале е што г-н Ингам ја спротивставува Бритни против Џејми.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“

Бритни Спирс се огласи за разводот: Не можев повеќе да ја поднесам болката

Предраг Петровиќ

Нови детали од разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари: „Таа го удираше додека тој спиеше“

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс се разведува по само 14 месеци брак