Британките ќе имаат право да „ги бркаат“ трансексуалците од женските соблекувалници

Од:

Жените во Велика Британија и натаму ќе имаат право да побараат од трансексуалците да ги напуштат женските тоалети, соблекувалници, базени и слични простории, јавува „Дејли Меил“.

Одлуката на британските власти уследи како дел од јавната дебата за намерата трансродовите лица да добијат право на промена на половиот идентитет и без хируршка интервенција или хормонална терапија. Но, тоа ќе му овозможи на кој било маж, па и на маскиран напасник да влезе во женска соблекувалница, сметаат борците за женски права.

– Унапредувањето на правата на трансродовите лица не смее да ги компромитира правата на жените. Каков било акт за слобода на избор на пол нема да ги промени одредбите на актот за еднаквост (на половите), се вели во соооопштение на владината канцеларија за еднаквост.