Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Од:

Британката Меган Клара (20) станала порно актерка, за да може на својот петгодишен син да му купи скапи божиќни подароци, објави „Дајли Меил“.

Имено, малиот Ештон минаната година бил разочаран со скромните играчки и облеката кои ги добил од својата мајка, додека сите негови пријатели под елката ги чекале скапи божиќни подароци.

Тагата на синот, како што вели младата Меган, и го скршила срцето, па одлучила да направи се што е во нејзина моќ оваа година да му  ги оствари сите желби.

– Ештон не е само мој син, тој е и мојот најдобар пријател, и би направила се со цел ништо да не му недостига. Луѓето коментират дека е размазен, но тоа не е вистина. Тој е моето единствено дете и јас конечно имам пари да му купам убави работи, вели мајката и додава дека оваа година за својот син потрошила 1.500 фунти, додека минатата година имала само 100 фунти за подароци.

Меган го родила Ештон кога имала само 14 години и на сите начини се борела да не зависи од социјална помош.

– Ештон само го сакаше она што и неговите пријатели, а јас немав пари за скапи играчки. Ми беше страшно тешко да го гледам моето дете разочарано, додава Меган, која признава дека сепак ужива во нејзината нова професија.

Би можело да ве интересира

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска

ФОТО: Пожарникари во Австралија спасиле човек заглавен во машина за перење

Ана Ололовска