Бригит Нилсен за мајчинството во шестото десетлетие во животот

Од:

Таа е мoжеби најпозната поради бракот со Силвестер Сталоне, кој траеше само 19 месеци кон крајот на 1980-тите години, но и по тоа што, пред три години, по петти пат стана мајка, на 54-годишна возраст. Данската глумица и пејачка Бригит Нилсен проговоре за својот последен потфат со вештачко оплодување, охрабрувајќи ги жените да го сторат тоа.

– Ова е многу скапа игра каде што, може или нема да победиш. Многу лекови, хормони, многу страдања за конечно некој да ти се јави и да ти каже – „извини, не си бремена“. Лекарите ми дадоа само 3 – 4 отсто шанса да добијам јајце-клетки. Но, ги имаше доволно… Имаше многу разочарувања. Иако сте свесни колку години имате и шансите се против вас, сепак не се откажувајте, рече Бригит.

Таа ја започна својата јавна кариера во 1980-тите години, прво како модел. Нејзиниот впечатлив изглед (висока е 185 см и има кратка руса коса) ги привлече погледите на познатите фотографи, а потоа стана и глумица. Во 1985 година, глумеше со Арнолд Шварценегер во „Црвената Соња“, па во нејзината книга објавена 2011 година, таа вели дека имала куса врска со Арнолд, додека тој бил в брак.

Кога се снимаше „Роки 4“, се сврши со Силвестер Сталоне. Се венчаа во Беверли Хилс, Калифорнија, 1985, а бракот траеше до 1987 година. Медиумите објавија дека бракот завршил драматично, а таа ја соблекла облеката и целиот накит и гола ја напуштила куќата.

Од 2007 година, таа е во брак со нејзиниот сопруг Матија Деси, кој е 15 години помлад од неа и со кого пред три години го доби нејзиното петто дете – ќерката Фрида.

– На интернет, 95 отсто од луѓето ќе Ви честитаат за вашето дете. Ќе бидат среќни затоа што и Вие сте среќни, но секогаш ќе има такви што ќе пишуваат – „како се осмелуваш, па ти си баба! Ќе умреш пред да наполни 10 години“ и сл., рече Бригит.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска