Бред Пит: Престанав да пијам поради Бредли Купер

Од:

Американскиот глумец Бред Пит му се заблагодари на својот колега Бредли Купер за помошта што му ја пружил во борбата против алкохолизмот.

На доделувањето на Наградите на американскиот Совет на филмски критичари (National Board of Review), Пит е прогласен за најдобар спореден актер за филмот „Беше еднаш во Холивуд“. Притоа, тој неочекувано се осврна на својата битка со зависноста од алкохол, откако наградата ја прими токму од Купер.

Во говорот тој посебно нагласи дека Купер е прекрасен татко и одличен пријател.

– Купер стигна на настанот откако претходно ја заспа ќерка му. Престанав да пијам поради овој човек и секој ден ми е посреќен оттогаш, истакна Пит.

Бред Пит се бореше со зависностапо разводот со Анџелина Џоли, но во јавноста, сè досега, не говореше за тоа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска