Бразилски поштар пријател на животните

Од:

Поштар од Бразил, по име Кристијано да Силва Антунес, стана популарен на интернет, фотографирајќи се со животните со кои се среќава во куќите и дворовите до кои доставува пошта.

Антунес се нарекува себеси „Картеиро амиго дос анимаиш“, што значи на „поштарот пријател на животните“. Како што изјавува многупати на Инстаграм, главната негова цел на објавувањето на сликите е да се сруши урбаната легенда дека животните и поштарите не се сакаат.

Веселиот поштар внимателно го поздравува секое животно на кое ќе наиде… Ги гали и, откако ќе ја добие нивната доверба – се фотографира со нив. Снимките потоа ги објавува на своите социјални мрежи, каде што сега го следат повеќе од 100 илјади луѓе.

Покрај тоа, Антунес се труди да им помогне на што повеќе напуштени и повредени животни. Мноштво фотографии кои прикажуваат спасување животни се достапни на неговите профили на Фејсбук и Инстаграм. Неговите фотографии редовно добиваат по неколку илјади лајкови, а има следачи-ентузијасти од целиот свет.

Би можело да ве интересира

„Мачка со две лица“ – хит на Инстаграм

Ана Ололовска

Куче не сака да се раздели од својата почината сопственичка

Ана Ололовска

Бенсон – од бездомник, до Инстаграм-ѕвезда

Ана Ололовска

Апликација што го следи расположението на мачката

Ана Ололовска

Два мали орли спасени во последен миг

Ана Ололовска

Како кучето да се заштити од жештините?

Ана Ололовска