Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма

Од:

Ѕвездата од ТВ серијата Breaking bad, Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма.

– Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот притоа.

Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка.

– Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова, рече Кранстон.

Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.

Би можело да ве интересира

Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот

Ана Ололовска

Џејсон Присли прозборе за Шенен Доерти и нејзината битка со ракот

Ана Ололовска

Листа од 26 песни кои Двејн Џонсон – „Карпата“ ги слуша додека тренира

Ана Ололовска

Куќата на Елвис Присли се продава за 30 милиони долари

Ана Ололовска

Емилија Кларк и Метју Смит сликани заедно

Ана Ололовска

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно на екранот

Ана Ололовска