Босанска инфлуенсерка со 170.000 следачи на Инстаграм се кандидираше на изборите и доби 88 гласа

Од:

На неодамнешните избори во Босна и Херцеговина, вниманието го привлече Емина Јахиќ, инфлуенсерка од Тузла со над 170.000 следачи на Инстаграм, која реши да се кандидира за градска советничка и да влезе во светот на политиката.

Кандидатката на партијата Демократски фронт, како што истакнуваше, сака да ја унапреди положбата на младите, но нејзината популарност на социјалните мрежи не се пренесе и на гласачките места – пребројувањето откри дека таа освоила само 88 гласа.

Се чини дека дел од причините за изборниот дебакл на 21-годишната инфлуенсерка лежат и во падот на рејтингот на нејзината партија, која на овие избори добила драстично помал број гласови од претходно.

Јахиќ засега не го коментира изборниот резултат и не открива дали ќе ја продолжи политичката кариера и покрај нејзиниот слаб почеток.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина