Болт вмешан во масовна тепачка во ноќен клуб

Од:

Легендата на атлетиката, Усаин Болт бил вмешан во масовна тепачка во еден ноќен клуб во Лондон, објави „Сан“. Тепачката се случила во барот „The Room“.

Осумкратниот олимписки шампион и петмина негови пријатели влегле во расправа со друга група на луѓе од Источна Европа. Конфликтот се преселил на улиците, а самиот спринтер не се тепал, само се обидувал да ги смири двете страни. За време на тепачката немало сериозно повредени.

Покрај неговите осум златни медали од Олимпијадата, 33-годишниот Болт има 11 први места на Светските првенства. Во текот на неговата тркачка кариера, тој постави осум светски рекорди. Тој во моментов е рекордер на 100 метри (9,58), на 200 метри (19,19) и на 4х100м штафета со Јамајка (36,84).

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска