Богати парижани не можат без фини јадења, готвачите едвај постигнуваат со домашните посети

Од:

Жителите на Париз со подлабок џеб се погодени од затворањето на рестораните поради пандемијата, па решението го нашле во најмување професионални готвачи кои специјалитетите ги подготвуваат во домовите на клиентите.

Фатиха ел-Кадуи, професионална готвачка која работи приватно со резервации, вели дека била зафатена секој ден изминатиот месец, а одбила уште триесетина понуди. Нејзината услуга не е евтина – ручек за еден човек чини 170 евра.

„Има голема побарувачка затоа што тие луѓе одеа во ресторани дури и почесто од трипати неделно,“ вели таа.

35-годишната Валери Лакроа ја резервирала готвачката минатата недела да подготви ручек за нејзе и нејзината мајка.

„Очигледно е дека сакаме да излеземе, да се видиме со пријателите и да поминеме време со нив, но не можеме. Ова е повторно создавање на тој заеднички момент, но дома,“ вели Лакроа.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Французите поминуваат повеќе време јадејќи и пиејќи отколку народите на која било развиена држава, па оттука е јасно зошто затворањето на рестораните погодува голем број луѓе во земјата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано