Боб Дилан можен нобеловец?

Од:

Рок легендата Боб Дилан се искачи на второ место на листата на „Ледброукс“, меѓу имиња на кои најмногу се типува како на можни добитници на овогодишната Нобелова награда за литература.

Легендарниот музичар брзо се искачил на листата на споменатата обложувалница со оглед на тоа дека повеќемина за кратко време на него вложиле сума поголема од сто фунти.

Обложување на Боб Дилан дава десетократно зголемена добивка. Но, иако Дилан често е присутен во дискусиите околу можни кандидати за доделување на Нобеловата награда, но само малкумина познавачи на литертурните струења веруваат дека овој музичар навистина ќе стане Нобеловец.

На листата на „Ледброукс“ и натаму води јапонскиот писател Харуки Мураками, пишува шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“.

– По се изгледа тој ќе продолжи да фигурира како фаворит додека не истече времето предвидено за обложување, без оглед што се зголемуваат влоговите за Боб Дилан, вели портпаролот на „Ледброукс“, Алекс Донхју.

Шведската академија својата годинашна одлука за доделување на Нобеловата награда за литертура ќе ја соопшти во октомври, а наградата вообичаено ќе биде врачена на 10 декември во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска