Биометриското си-ви ќе открива работни навики за кои и кандидатот не е свесен

Од:

Научната фантастика сè почесто станува реалност, па сега на ред дојде и биометриското си-ви… Се работи за точната проценка на работните навики на кандидатот за некои работи, на пример: движењата на очите додека човекот гледа во екранот – заради утврдување на тоа колку тој е толерантен на глукоза, телесните реакции во миговите на носење одлука или обид да се присети на некои информации, итн.

Биометриското си-ви би служело како показател на физичката спремност да се преземат одредени работни задачи. Со тоа би се утврдило дали тој е добар кандидат за работата или не.

Притоа, биометриските податоци, како поим ќе опфаќа многу повеќе од отпечатоци на прсти и скенирање очни зеници. Новите биометриски податоци ќе го опфаќа и ритамот на чукањето по тастатурите, па дури и друштвените навики, како на пр., колку време еден човек минува комуницирајќи со другите.

Сè тоа, сепак, носи и одреден ризик од злоупотреби и дискриминациски однос кон кандидатите. Стресот, на пр., неретко е последица на здравствени проблеми или пак на попреченост. Можна е дискриминација и по однос на полова или етничка основа.

Според некои стручни лица, тоа го отвора прашањето дали и во колкава мера луѓето се подготвени да бидат „под лупа” на таков начин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неуништиво стакло за складирање податоци

Ана Ололовска

Програма која не дозволува голи фотографии

Ана Ололовска

Мајкрософт со нов антивирусен софтвер за Андроид и „iOS“

А1он

Почина пронаоѓачот на „Ctrl+x“, „Ctrl+c“ и „Ctrl+v“

Ана Ололовска

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Андроид-Блутутот закана за кибер-безбедноста на корисникот

Ана Ололовска