Биографски филм за Доналд Трамп

Од:

Американскиот режисер Џејмс Греј соопшти дека ќе снима филм за животот на американскиот претседател Доналд Трамп во неговите млади години.

Работниот наслов а проектот е „Време за Армагедон“ (Armageddon Time), ќе го прикаже „младиот Доналд Трамп и неговиот татко Фред, тајкун во секторот на недвижнини“, стои во соопштението.

Греј, исто така, ќе биде сценарист за филмот. Тој ќе се снима во приватното училиште Ки Форест во Квинс, Њујорк, каде што Трамп е роден и израснат. Според продуцентот Родриго Тешеира, со овој филм, Греј сака да го овековечи и своето детство во Квинс, каде што Фред Трамп бил влијателен член на заедницата.

Режисерот претходно има снимено два полу-автобиографски филма – „Малата Одеса” и „Ние владееме со ноќта”, коишто привлекоа доста големо внимание во Квинс, особено кај младите луѓе.

Би можело да ве интересира

Рок-ѕвездата Рик Окасек пронајден мртов во Њујорк

Ана Ололовска

Бритни Спирс загуби дел од старателството врз своите деца

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мајли Сајрус го дели домот со својата девојка

Ана Ололовска

Како Трамп ги редефинира (и ги крши) човековите права

Ана Ололовска

Почина модниот фотограф Петер Линдберг

Ана Ололовска

Рита Ора критикувана поради својата проѕирна тоалета

Ана Ололовска