Бил Гејтс ја исплати Мелинда ден по разводот, на сметка ѝ легнале акции вредни 1.8 милијарди долари

Од:

Инвестициската компанија во сопственост на Бил Гејтс ѝ префрлила 1,8 милијарди долари во акции на неговата довчерашна сопруга Мелинда, веднаш по објавата дека двојката се разделува по 27 години брак.

Изненадувачката вест за разводот одекна силно во светската јавност, а во исто време почнаа и предвидувањата за тоа колку пари Мелинда ќе добие во процесот.

Компанијата на Гејтс префрлила вкупно 14 милиони акции на Канадската национална железница, вредни околу 1.5 милијарди долари по вчерашните цени, како и 2.9 милиони акции на компанијата за продажба на автомобили „Ауто нејшн“, проценети на над 300 милиони долари.

Префрлањето на акциите е дел од договорот за распределба на имотот, кој Бил и Мелинда го потпишале по одлуката за развод. Тие немале потпишано предбрачен договор кога се венчавале во 1994 година.

Би можело да ве интересира

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Подеднакво старателство врз децата по разводот на родителите бараат граѓански здруженија

Бил Гејтс: Оптимист сум дека ќе биде подобро за оние кои ќе се родат 20-40 години од сега

А1он

Бил Гејтс сака да го продлабочи партнерството со Јужна Кореја во областа на здравствената заштита

Бил Гејтс предвидува дека следната пандемија би можела да биде посмртоносна од ковидот

Катерина Ѓуровски