Биг Бен ќе се огласи за Нова Година

Од:

Познатата лондонска камбана Биг Бен ќе се огласи за Нова година, неколку месеци пред крајот на реставрацијата која започна пред четири години, соопшти британскиот парламент.

Познатото ѕвоно од 13,7 тони ќе се огласи на полноќ на 31 декември со традиционалните 12 отчукувања кои ќе го означат крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година.

Ова ќе биде последен пат Биг Бен да ѕвони со привремениот механизам, соопшти парламентот, додавајќи дека од пролет, оригиналниот механизам, кој датира од викторијанската ера, повторно ќе биде ставен во функција.

Часовникот на камбанаријата, сместена во едно крило на Вестминстерската палата, почна да работи во 1859 година и оттогаш ѕвони речиси непрекинато на секои 15 минути.

Британските власти одлучија да го откажат огнометот кај Темза кај Биг Бен за оваа новогодишна ноќ, поради епидемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар