Бездомник освојува на интернет

Од:

Неговото име е Рафаел Нунес, но на интернет веќе го познаваат како „неверојатно фотогеничниот бездомник“.

Фотографијата на синоокиот триесетгодишник се појави на интерент откако туристка го фотографирала пред црква во еден бразилски град. Минатата недела на интернет се покрена акција која доби 40.000 споделувања на Фејсбук за да му се помогне на овој човек.

Неговата мајка на новинарите на весникот Folha de Sao Paolo им изјавила дека Нунес е поранешен манекен кој станал бездомник пред една година, наводно поради завосност од наркотици.