Бесплатна тура за крводарители во Музејот на современа уметност во Стразбур

Од:

Музејот на модерна и современа уметност во Стразбур во источна Франција ги отвори на еден ден вратите, бесплатно, за посетители кои претходно се согласиле и даруваа крв. Оваа акција привлече одреден број крводарители кои ја сакаат и уметноста, како редок подарок во епидемијава на коронавирус.

Дарувањето крв беше организирано во импозантната зграда на Музејот, каде што посетителите чекаа во ред со засукани ракави, очекувајќи ја и турата. Веднаш по дарувањето, посетителите прво добија нешто да каснат и да се напијат, а потоа уживаа во делата на Густав Доре, Клод Моне и Пол Сињак.

Ова беше исто така добра вест за Институтот за трансфузиологија во Франција, и за пациентите.

Музеј во Дижон неодамна организираше слична акција, која наиде на добар одѕив, бидејќи музеите, театрите и кината се затворени од минатата есен поради епидемијата.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии