Бесплатен оброк за деца, ако родителите ги остават телефоните на влез во ресторан

Од:

Британскиот ресторан Френки енд Бени`с претстави зона без мобилни телефони, откако спровеле анкета за тоа колку користењето на тие направи има влијание врз семејната вечера. Отсега, тие во понудата имаат бесплатен оброк за децата чии родители ќе ги остават мобилните телефони на влезот во ресторанот.

Речиси 20 проценти од децата рекле дека нивните родители претпочитаат времето да го минуваат на телефон, наместо да разговараат со нив за време на оброците во ресторанот. Меѓу испитаниците биле и родителите, при што 23 проценти од нив потврдиле дека го проверуваат телефонот за време на ручек. Околу 10 проценти од децата признале дека го криеле телефонот од своите родители за да го привлечат нивното внимание.

Вработените во ресторанот на родителите ќе им донесат посебна кутија во која ќе можат да го остават својот телефон за време на јадењето, а раководството на Френки енд Бени`с најави дека иницијативата ќе трае подолг период.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ