Беше толку убава што не стануваше од кревет за помалку од 10 илјади долари: Денеска изгледа комплетно поинаку

Од:

Канадската манекенка и една од највлијателните супермодели од 1990-тите, Линда Евангелиста е родена на 10. Мај 1965 година и денеска го слави својот 55 роденден.

Кога имала 16 години, оваа убавица се натпреварувала на изборот „Мис тинејџер Нијагара“, каде не освоила никаква награда, но била забележана од еден „ловец“ на модели.

Линда била откриена од ловец на таленти од „Елит модел менаџментот“, а таа се преселила во Њујорк во 1984 година.

На врвот на нејзината кариера, таа стана муза на фотографот Стивен Мејзел и дизајнерот Џани Версаче, како и на Карл Лагерфилд. Сите нејзини соработници ја опишувале како девојка посветена на својата работа, а за време на нејзината кариера таа ги красеше насловните страници над 700 списанија низ целиот свет и заработи огромни пари.

Бројни медиуми се согласуваат дека Линда е една од најдобрите модели во историјата на модата, а Евангелиста беше впечатлива во текот на кариерата и со своите изјави. Некои од нив не поминаа најдобро во јавноста.

„Можам да направам што сакате, сè додека не мора да зборувам“, рече таа во една пригода.

Сепак, нејзината изјава од октомври 1990 година, кога рече дека „таа нема да стане од кревет за помалку од 10 000 долари“, влезе во историјата, но не за добро.

Тоа беа оние зборови кои ја следеа каде и да отиде. Таа продолжи да работи како порано, но подоцна призна дека не и било лесно по таа изјава.

– Имам чувство дека тие зборови ќе ги врежат на мојот споменик. Во секое интервју ми го спомнуваат тоа, а јас се извинив сто пати затоа што тоа беше само шега – рече тогаш манекенката.

Таа вели дека порано жалела што го кажала тоа, но дека повеќе не се срами од својата изјава.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска