Беше милионерка, а заврши како бездомник

Од:

Судбината на некогаш популарната манекенка Кејт Фишер е најдобар пример за тоа дека животот пишува романи и дека тој е само сплет од разни околности.

Кејт Фишер беше успешна австралиска манекенка која што имаше се, но не знаеше како да го сочува. Без разлика дали станува збор за нејзината популарност или парите на нејзината сметка.

– Ги гледам старите фотографии и мислам дека го имав светот под нозе, а не бев свесна за тоа. Немав самодоверба. Не знам дека луѓето ме гледаат како убавина, заклучува 44-годишната поранешна манекенка.

По животниот пад, Кејт Фишер го промени името во Цибора Малках и едвај крпи крај со крај.

Во 1983. година таа беше во врска со милијардерот Џејмс Паркер. Се верија по три години, а се разведоа во 1998. година.

По разводот таа остана со голема сума на пари и голем имот во Лос Анџелес, кој вредеше околу милион долари. Наместо да живее од тоа и да ужива, таа загуби неколку милиони давајќи му ги на нејзиниот љубовник кој ја искористил и побегнал.

После тоа Малках се вратила во Австралија, се затворила во четири ѕида и тагувала. Живеела во дом за бездомници бидејќи не била во добри односи ниту со нејзината мајка. По многу години живеејќи сама, сега пронашла нов дечко, но нејзината материјална ситуација и понатаму е на ивица на егзистенцијата.